АВТОРСКИ ПРАВА 15 ОКТОМВРИ 2013

Давателот ("ние", "нас", "наш") ги почитува правата на интелектуална сопственост на другите и истото го бараме и од нашите корисници. Давателот може, во соодветни околности и по сопствено видување, да ги исклучи и/или прекине сметките на корисниците кои ги повредуваат правата на интелектуална сопственост на другите како што е поопширно објаснето во општите и посебни правила.

Ние го задржуваме правото да ги промениме правилата на овие авторски права. Бидејќи какви било промени ќе бидат објавувани на оваа страна, Ве советуваме истата да ја посетувате редовно. Вашето непрекинато користење на услугите, по секоја извршена промена на овие авторски права, ќе претставува Ваше прифаќање на таквите промени.

Доколку сметате дека Вашето дело е ископирано, вметнато или поинаку прикажано на оваа веб или вап страна (“сајтовите”) на начин кој претставува повреда на авторските права, или Вашите права на интелектуална сопственост се повредени на некој друг начин, Ве молиме доставете жалба за повреда на авторските права или други повреди на правата на интелектуална сопственост кај агентот на Давателот (“агент за авторски права”) со следниве податоци:

1. електронски или физички потпис на лицето овластено да дејствува во име на сопственикот на авторските права или за други интереси на интелектуална сопственост;
2. опис на заштитената содржина или друга интелектуална сопственост за која тврдите дека е злоупотребена;
3. опис на материјалот за кој тврдите дека ги повредува правата на интелектуална сопственост и локацијата на тој материјал;
4. Вашата адреса, телефонски број и електронска пошта;
5. Ваша изјава дека имате имате добра волја и верување дека спорната употреба не е овластена од страна на сопственикот на авторските права или правата на интелектуална сопственост, неговиот агент или законот;
6. Ваша изјава, дадена под заклетва за лажно сведочење, дека податоците во Вашата изјава се точни и дека Вие сте сопственикот на авторските права или правата на интелектуална сопственост или сте овластени да дејствувате во името на корисникот на истите.

Агентот за авторски права на Давателот може да го контактирате преку електронска пошта , којашто може да ја најдете на сајтовите и/или преку нашите услуги и по телефон, којшто може да го најдете во посебните правила . Исто така, агентот за авторски права може да го контактирате на адресата на Давателот, којашто стои во посебните правила.

Доколку Давателот добие такво известување, тој го задржува правото да ја одбие или избрише наводно злоупотребената содржина. По примањето на изјавата за повреда на правата што е во согласност или во поголем дел во склад со применливите законодавни авторски права на Вашата земја, Давателот навремено ќе дејствува за да го отстрани или оневозможи пристапот на која било содржина за која се тврди дека е злоупотребена или е предмет на злоупотребувачка дејност. Давателот ќе превземе разумни чекори навремено да го извести корисникот кој ја создал или објавил соодветната содржина, којашто притоа го отстранила или оневозможила пристапот.

Секој корисник чија содржина е отстранета или оневозможена во согласност со овие правила може на Давателот да му достави контра известување според законодавните авторски права. Таквото контра известување мора да биде доставено во писмена форма до нашиот агент за авторски права на адресата наведена погоре и мора да содржи:

1. електронски и физички потпис на корисникот;
2. идентификација на содржината која е отстранета или за која е оневозможен пристапот, и локацијата на која таков материјал се појавил пред да биде отстранет или оневозможен, вклучувајќи ја целосната URL-адреса (еднообразен пронаоѓач на ресурси);
3. изјава дадена под заклетва за лажно сведочење дека имате добра волја и верување дека материјалот бил отстранет или оневозможен како резултат на грешка или погрешна идентификација со материјалот кој бил отстранет или оневозможен;
4. име, адреса и телефонски број на корисникот, и изјава дека корисникот се согласува со надлежноста на асоцијацијата за арбитража во Вашата земја и дека Вие ќе ја прифатите судската постапка од страна на лицето кое го доставило првичното известување за повреда на правата.

По добивањето на соодветното контра известување според законодавните авторски права, Давателот веднаш ќе му достави копија од контра известувањето на лицето кое го доставило првичното известување за повреда на правата и ќе го извести тоа лице дека ќе ја замени отстранетата содржина или оневозможи пристапот за време од 10 (10) до четиринаесет (14) работни дена. Покрај тоа, Давателот ќе ја замени отстранетата содржина и ќе го оневозможи пристапот до неа, за време од десет (10) до четиринаесет (14) работни дена по денот на приемот на контра известувањето, освен ако назначениот агент за авторски права на Давателот прв добие известување од лицето кое го поднело првичното известување дека тоа лице има поднесено тужба и бара со судски налог да се спречи корисникот во впуштање на незаконски дејствија поврзани со содржината на сајтовите или серверот на Давателот.